Машко лице во Хамбург во Германија преживеа тешка несреќа откако во неделата рано наутро го прегази воз на главната железничка станица.
Сојузната полиција соопшти дека 45-годишникот изгубил рамнотежа и паднал од перонот на главната железничка станица во Хамбург околу 2.45 минути утрината.
Патниците кои го чекале возот се обиделе да го забават машиновозачот на приградскиот воз што се доближувал, но не успеале да ја спречат несреќата. Тие повикале брза помош и разговарале со повредениот маж кој се наоѓал под возор, да го смират до доаѓањето на брзата помош.
Полицајците и брзата помош успеале да го ослободат мажот оттурнувајќи го возот наназад.
Мажот бил веднаш превезен во болница со тешки повреди. На машиновозачот му била обезбедена психолошка помош.
По прегледот и изјавите на сведоците и видео снимките, полицијата соопшти дека нема назнаки дека станува збор за кривично дело, ниту за обид за самоубиство.
Околку 3 часот и 25 минути изутрината, брзата интервенција била завршена,а местото на несреќата е исчистено.












