Терористот од Сиднеј, Навид Акрам е обвинет за вкупно 59 кривични дела, вклучувајќи 15 убиства

18
screenshot video

Навид Акрам (24), кого полицијата го сомничи дека стои зад масакрот на плажата Бонди во Сиднеј, е обвинет за вкупно 59 кривични дела, вклучувајќи 15 убиства.

Тој беше тешко повреден во престрелка со полицијата и се разбуди од кома вчера наутро. Неговиот татко, Саџид Акрам (50), беше убиен.

Според полицијата, таткото и синот убиле 15 лица и повредиле уште десетици кога извршиле нападн на еврејски фестивал. Полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Ланион, го прогласи масовното пукање за терористички напад во неделата вечерта.

Навид Акрам е обвинет за 15 убиства, едно обвинение за извршување терористички чин и десетици обвиненија за ранување со намера за убиство. Тој е обвинет и за употреба на огнено оружје со намера за предизвикување тешки телесни повреди, јавно прикажување на симбол на забранета терористичка организација и поставување експлозиви во или во близина на зграда со намера за предизвикување штета.
Во деновите по најлошиот терористички напад во историјата на Австралија, се појавија нови детали за наводните врски на таткото и синот со екстремистички групи. Тие вклучуваат вмешаност на Навид во улична група за проповедање во западниот дел на Сиднеј, за која се вели дека има врски со неколку поддржувачи на Исламска држава.

Ланион рече дека две рачно изработени знамиња на Исламска држава биле пронајдени во сребрениот „Хјундаи“ со кој таткото и синот се возеле до плажата. Полицијата, исто така, пронашла запаливи направи во автомобилот.

Полицијата, исто така, го истражува патувањето на двајцата осомничени на Филипините во неделите пред нападот, како и околностите под кои Саџид Акрам легално стекнал оружје со голема моќност, и покрај наводните врски на неговиот син со екстремистички кругови. Полициски извори велат дека осомничените подготвиле манифест пред нападот.

Комесарот на австралиската федерална полиција, Криси Барет, рече дека „раните индикации“ за истрагата сугерираат дека нападот бил инспириран од Исламска држава.

ИЗДВОЕНИ