недела, февруари 22, 2026
Дома СВЕТ Терористички напад во Лавов – убиена е полицајка, а повеќе лица се...

Терористички напад во Лавов – убиена е полицајка, а повеќе лица се повредени

264
Фото:принтскрин, видео

Полицајка е убиена, а 24 лица се повредени откако неколку експлозивни направи детонираа на полноќ во Лавов, западна Украина, соопшти украинската полиција во понеделник, пренесе „Киев индепендент“.

„Прелиминарно е утврдено дека детонациите биле рачно изработени експлозивни направи“, соопшти полицијата на „Телеграм“, објави „Ројтерс“.

Во соопштението се вели дека првата експлозија се случила откако полициска патрола пристигнала на местото на настанот по пријава за грабеж на продавница во тек, додека втората експлозија се случила малку подоцна.

Градоначалникот на Лавов, Андриј Садови, изјави претходно денес дека нападот во градот, во кој беше убиена полицајка, а неколку лица беа повредени, бил терористички чин.

„Според прелиминарните информации, жена е убиена во терористички напад во Лавов“, рече Садови во објава на Телеграм, пренесува „Укринформ“.

Според оперативните информации од канцеларијата на регионалниот обвинител во Лавов, половина час по полноќ е примена пријава за провала во продавница, по што таму е испратена полициска патрола.

„Откако патролната полициска екипа пристигнала на местото на настанот, се слушнала експлозија. По пристигнувањето на втората екипа, се случила уште една експлозија“, рече градоначалникот.

Според него, експлозиите убиле полицајка (23) и оштетиле патролно возило и цивилно возило.

ИЗДВОЕНИ