
Репрезентативецот на Србија, Страхиња Павловиќ игра навистина добро за италијанскиот калчо гигант Милан. Централниот дефанзивец често е доведуван во прашање, но статистиката покажува дека е навистина исклучителен во последната линија.
Одличните настапи за српскиот фудбалер би можеле да бидат клучни кога е во прашање можниот следен трансфер. Одредени медиуми шпекулираат дека Барселона покажува интерес за неговите услуги.
Каталонските гиганти сакаат да ја зајакнат дефанзивната линија, од што Ханси Флик воопшто не е задоволен. Тие веруваат дека Павловиќ е вистинското решение за скромна одбрана.
„Павловиќ е на радарот на Барселона, но покрај овој клуб, интерес покажуваат и лондонските клубови – Челзи и Арсенал“, објавува „Милано лајв“.
Терминаторот од Сава (роден во Шабац) би можел да направи уште еден голем трансфер иако има само 24 години.
Павловиќ ја започна својата кариера во Партизан, од каде замина во Монако во 2020 година за сума од 10 милиони евра.
Сепак, бидејќи не го најде своето место меѓу „Кнежевците“, ја изгради својата кариера во Серкл Бриж и Базел, пред да го направи првиот вистинскиот потег со преселбата во Салцбург, каде што целосно се разви како фудбалер.
Потоа следеше трансфер во Милан во летото 2024 година. Солидниот стопер долго време е стандарден играч за српската репрезентација, а на одиграните 48 натпревари за „Орлите“ постигна четири гола.
Оваа сезона во дресот на „росонерите“ постигна два гола гол, а откако пристигна на „Сан Сиро“, вкупно постигна четири гола и додаде две асистенции.
Она што е многу важно е фактот дека Павловиќ, на само 24 години, има огромно искуство што е клучна работа во потенцијалниот трансфер.
Ретко е дефанзивец да одигра толку многу големи натпревари на толку млада возраст. Неговата сила и физичка кондиција се дополнителна предност во однос на другите и е тип на играч што е е многу баран.
Павловиќ има договор со Милан до летото 2028 година, а неговата пазарна вредност е 25 милиони евра.











