Легендарната Тереза слави 87.роденден!!! “Музика и ти“!

153

Славната пејачка на забавна музика, Тереза Кесовија го слави својот 87. роденден. Во времето на поранешната Југославија беше и официјално прогласена за првата дама на естрадната сцена, со огромен број хитови кои станаа евергрини: “Пријатељи стари, гдје сте“, “Ноно добри, мој ноно“, “Моја посљедња и прва љубави“, “Сунчане фонтане“, “Музика и ти“, “Кад порастеш сине“, “Ларина пјесма“, “На Страдуну“,  “Рустикана“, “Луди дани наше младости“, “Старе љубави“, “Пред твојим вратима“, “Авантура“, “Што је остало од љубави“, “Мили мој“, “Састала се стара клапа“, “Молим те остани“, “Ко ми је крив“, “Дах дјетинства“, “Сутра је нови дан“, “У Дубровнику моме“, “Љубав је мој гријех“, “Тајна живота“, “Свирај ми, свирај“, “О, мој цвите“, “Кад се једном вратиш ти“, “Слободна сам“, “И ни ме стра’ “,“На кушину“, “Још се срце уморило није“….                                                                                             На мегапопуларниот “Сплитски фестивал“ десетпати убедливо победи, а победите многу често ги имаше и на фестивалите: “Загреб-фест“, “Белградска пролет“, “Опатија“, “Месам“, “Карневал-фест“…. двапати настапи на Евровизискиот фестивал, представувајќи ги Југославија, а и Кнежеството Монако по желбата на Принцезата Грејс Кели. Еднаш беше втора на Евровизискиот натревар за најдобрата песна на Швајцарија. Во Југославија во период од 1972 до 1980 година беше констатно прогласувана за “Пејачка на годината“ по Изборот на публиката од Охрид до Блед.  Тереза одлично пее и на неколку светски јазици, на: француски, италијански, руски, германски, португалски и англиски.

Кај нас во Македонија ќе ја памтиме и по феноменалната интерпретација на старата македонска песна “Ајде, слушај, слушај калеш, бре Анѓо“, која во забавен-поп аранжман ја сними со браќата Тавитијан и ја испеа во живо на Стадионот во Скопје. Исто така останува незаборавна и нејзината интерпретација на “Скопскиот фестивал“ кога ја испеа песната “Охрид и јас“ на композиторот Александар Џамбазов. Со нашата Есма Реџепова беше и блиска пријателка, а не само естрадна колешка.

Во Франција исто така направи голема успешна музичка кариера. Таму во Париз имаше често незаборавни концерти во славната концертна сала “Олимпија“, а се закити и со Францускиот орден за културно богатство. Со француската верзија на “Ларина песна“ направи и светска кариера, па честопати беше поканувана да пее на Гала-Уницеф-ови концерти. Во приватниот живот зад себа има два неуспешни брака (со пејачот Миро Унгар и ватерполистот Роналд Лопатни), како и една неофицијална врска (со бизнисменот Карло од Истра).

фото:Давор Вишњиќ

Тереза е родена во малото село Конавле во многу сиромашно семејство, покрај градот Дубровник, на брегот на Јадранско Море за кое често  пее во своите песни. Сега живее во Загреб со потесното семејство, синот Алан и снаата Љиљана. Со нив го слави овој 87. роденден. Самата за себе си посака најмногу здравје, а со оглед на тоа дека во изминатиот период имаше неколку операции.   (Дуле Миќиќ) фото:ФБ-архива   

ИЗДВОЕНИ