На ранчот „Кантрисајд“ (Countryside) кој е официјално отворен во 2021 година, живеат многу спасени животни: коњи, магариња, мини кози, патки, мачки, ежиња, кучиња, штрк, бувови, зајчиња, патки и многу други. Поголемиот дел од нив се спасени од сурови услови, занемарување или отфрленост. Засега има 60.

Марија Дуда со огромна љубов ги згрижува, лекува и им овозможува нов дом – и истовремено ги претвора во пријатели и терапевти. Еден од највредните аспекти на „Кантрисајд“ е што тука се практикува хипотерапија – терапевтско јавање коњи кое помага кај деца и возрасни со различни психофизички тешкотии. Влијанието на оваа терапија Марија ја има почувствувано и на себе, затоа и одлучила да ја примени на други

За да се избега од жешкиот скопски асфалт и да се ужива во спокојството и мирот, не е потребно многу. Само 50 минути патување со автомобил до селото Ранковце крај Куманово. Таму, во зелените падини опружен со прекрасната природа, се наоѓа ранчот „Кантрисајд“ создаден со љубов и посветеност од Марија Дуда.

Ова не е обичен ранч – туку засолниште, инспирација и место каде што се спојуваат хуманоста, терапијата и руралната магија. „Кантрисајд“ не е само дестинација – тоа е приказна за спасување и безусловна љубов.

На ранчот, кој е официјално отворен во 2021 година, живеат многу спасени животни: коњи, магариња, мини кози, патки, мачки, ежиња, кучиња, штрк, бувови, зајчиња, патки и многу други. Поголемиот дел од нив се спасени од сурови услови, занемарување или отфрленост. Засега има 60.

Марија со огромна љубов ги згрижува, лекува и им овозможува нов дом – и истовремено ги претвора во пријатели и терапевти.

– Сите се спасени да не завршат несреќни. Има коњи кои се спасени од колење бидејќи биле болни. Јас сакам да се грижам за нив бидејќи ми даваат енергија. Интересно е тоа што сите заедно се дружат. Им посветувам многу време. Татко ми ми помага при носењето сено  – вели Дуда.

Таа претходно работела со спортска опрема и живеела во Њујорк, а во Македонија се вратила за време на ковидот и останала тука. Тогаш ѝ се родила идејата за ранчот.

Еден од највредните аспекти на „Кантрисајд“ е што тука се практикува хипотерапија – терапевтско јавање коњи кое помага кај деца и возрасни со различни психофизички потешкотии. Под водство на Марија, која е едуцирана на оваа тема, оваа активност се спроведува со голема внимателност и емпатија, во безбедна и пријателска средина.

– Хипотерапијата се вежби на коњ со помош на неговите движења за лица со физичка попреченост, како што е церебрална парализа. Ангажирани се и психолог и дефектолог. Дечињата ги седнуваме на коњот без седло за го почувствуваат неговото движење, а за подобар ефект се користат и реквизити, обрачи и играчки. Благодарејќи на оваа терапија кај две до три деца има големо подобрување. Првите неколку месеци терапијата беше бесплатна, но сега веќе не е – објаснува Дуда.

Таа додава дека за хиперактивните деца имаат и кош, па тие од коњот топката ја фрлаат во него. Терапијата трае од 30 до 40 минути и чини 1.500 денари.

Влијанието на оваа терапија Марија ја има почувствувано и на себе, затоа и одлучила да ја примени на други. Кога дошла во Македонија ја скршила ногата, па стапалото требало да ѝ биде отстрането, но оваа терапија ѝ помогнала да го задржи, па тоа и бил поттик да им помага и на другите.

Инаку, ранчот е и совршено место за едукативни работилници и прошетки како и за викенд-бегство од градот и дружба со животни. Со секоја посета на ранчот помагате сите животни овде да имаат доволно храна. Во секој агол од ранчот се чувствува љубовта кон животните и природата. „Кантрисајд“ не е само дестинација – тоа е приказна за спасување и безусловна љубов.

(А.П.)

ИЗДВОЕНИ