На денешната седница на Советот на општина Кочани дојде до обиди за физички пресметки помеѓу поедини советници, при што од пластично шише полно со вода настрада службено лице-правник вработена во Локалната самоуправа!
Притоа беше спречен поголем инцидент, откако интервенираа дел од другите присутни во салата, пренесе Телевизија Кочани.
Непосредно по драматичниот инцидент во ходникот се појавија поддржувачи на советникот Аки Акиов, а набрзо пристигнаа и полициски службеници кои земаа изјави од присутните во врска со инцидентот.
Седницата е прекината, без најава дали и кога ќе продолжи.