Тепачка меѓу жени во трговски центар: Двете тврдат дека се жртви!

63

Жена била физички нападната во трговски центар во централното подрачје на Скопје, а маж кој бил во друштво на напаѓачката ја снимал со мобилен телефон, соопшти МВР.

Според полицискиот билтен, на 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот била физички нападната од 56-годишната М.Д. во трговски центар на подрачјето на Центар. Таа навела и дека машко лице кое било заедно со М.Д. го снимало инцидентот со мобилен телефон.

Од друга страна, и М.Д. поднела пријава во која тврди дека била физички нападната од С.К.П.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ