Тео Ернандез речиси сигурно ќе ја прифати понудата на Ал Хилал. Искусниот француски фудбалер долго размислуваше, од семејни и од спортски причини, прашувајќи се дали би било мудро да игра во Саудиска Арабија, но по долго размислување, донесе одлука. Додека размислуваше, Ал Хилал ја зголеми понудата, па сега нема дилема.
Тео беше лидер, клучна фигура во играта на Милан, па затоа е јасно дека започнува нова ера. „Росонерите“, по тој повод, разгледуваат две опции за негова замена. Вандерсон е првиот избор, тој е 24-годишен играч на Монако, стандарден играч на Бразил, а неговата цена е помеѓу 20 и 25 милиони евра. Исто така, и Тијаго Сантос од Лил е во опција, тој е фудбалер што има само 22 години и е неверојатен во офанзивата, нешто како Ернандез. Но, долго време беше повреден, имаше повреда на предните вкрстени лигаменти и прашање е дали ќе се развива неговата кариера како што е планирано.