Поминаа седум месеци откако Рафаел Надал реши да оди во тениска пензија, од која според соопштението на Ролан Гарос треба да се врати!
Точно, не на теренот, но сигурно дека ќе добие некаква работа или улога, за која се уште преговара со челниците на францускиот грен слем.
– Желбата на турнирот и Рафа е да ја продолжиме соработката. Годинава се фокусиравме на почитта и кампањата, но наскоро ќе ги продолжиме разговорите за приказната меѓу Ролан Гарос и Надал долга 20 години да живее на нов начин – изјави директорката на Ролан Гарос, Амели Морезмо.
Останува да видиме каква нова улога ќе има Шпанецот, а секако ќе биде убаво да го видиме на терените каде што порано беше апсолутен владетел, откако освои дури 14 грен слем титули.