Професионалните тенисерки кои прават пауза од натпреварите поради медицински процедури за зачувување на плодноста сега ќе имаат право да го заштитат своето место ранг-листата, објави ВТА.

Во март беа воведени платено породилно отсуство и финансиска поддршка за процедури за зачувување на плодноста, како што е подготовка за замрзнување на јајце-клетки или ембриони. Според новото правило за заштита на местата на ВТА- листата, тенисерките ќе можат да користат специјално рангирање за да учествуваат на максимум три турнири по враќањето на теренот. Тенисерките веќе имаат право на заштита на нивната ранг-листа за време на бременост или други форми на родителство.

  • За секоја жена, одлуката за балансирање помеѓу семејниот живот и кариерата е комплексна и лична. ВТА сега создаде безбеден простор за тенисерките да ги разгледаат сите опции и да ги донесат најдобрите одлуки за себе, изјави шампионката на Отвореното првенство на САД во 2017 година, Слоун Стивенс, во соопштението на ВТА.

ИЗДВОЕНИ