Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA) му изрече доживотна забрана на тајландскиот тенисер Јатупорн Ламфун (31) поради сериозно прекршување на Програмата за борба против корупцијата во тенисот.
Тој е обвинет за учество или обид за учество во местење 22 натпревара во 2023 и во 2024 година, а во 18 случаи за нудење или за давање пари за да се влијае на исходот на натпреварите. Покрај тоа, не соработувал со ИTИA во текот на истрагата, што дополнително го комплицирало неговиот случај.
Нерангираниот тенисер веќе бил привремено суспендиран од декември 2024 година и не одговорил на обвиненијата или на предложената санкција, што ја направи забраната автоматски да стапи на сила на 20 август 2025 година.
Покрај доживотната забрана за играње, тренирање или за присуство на кој било тениски настан под покровителство на АТП, ВТА, ИТФ, како и на националните федерации, вклучувајќи ги Австралија опен, Ролан Гарос, Вимблдон и САД Опен, тој е казнет и со 84.000 фунти (околу 115.000 долари).