Утрово во Македонија се измерени температури под нулата, но синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со максимална температура до 16 степени.
Најниска утринска температура е измерена во Берово и Попова Шапка (-5 степени), како и во Маврови Анови, Демир Капија, Крушево, Крива Паланка и Скопје – Петровец каде се измерени -4 степени. Во Струмица, Претор, Штип и Прилеп се измерени -3 степени, а во Велес, Охрид, Тетово и Виница -2 степена. На Зајчев Рид во Скопје, Пожаране, Тополчани се измерени -1 степен, а во Гевгелија нула степени.
Најавите од синоптичарите се дека времето до крајот на неделата ќе биде сончево. Денеска во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен, а во источните делови од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.
Во Скопје, претпладне претежно облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.












