По преодното дестабилизирање на времето, од денеска следува период на стабилно и потопло време со постепен пораст на дневната температура.
Дневните температури во четврток и петок ќе се движат од 32 до 39 степен.
Синоптичарите за денеска и утре најавуваат сончево време со умерен до засилен северен ветер кој утре локално ќе дува со брзина од над 60 километри на час.
Сончевото и топло време ќе се задржи до крајот на неделава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Температурите во наредните денови ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени целзиусови, а наместа ќе достигне до 40 степени целзиусови.