вторник, февруари 10, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Темнокафеава вода тече од чешмите во Струга

Темнокафеава вода тече од чешмите во Струга

20

Жителите на Струга се соочуваат со сериозни проблеми во водоснабдувањето, откако од чешмите почнала да тече темнокафеава вода. Поради состојбата, надлежните институции вовеле целосна забрана за користење на водата.

Главниот извор за снабдување на градот – Шум, е целосно заматен, а првичните анализи на Центарот за јавно здравје покажуваат дека заматеноста е дури 30 пати над дозволеното. Водата е прогласена за технички неисправна и не смее да се користи за пиење, готвење ниту за лична хигиена.

Од здравствените власти предупредуваат дека постои можност Струга подолг период да остане без безбедна вода за пиење.

– Направив мониторинг на терен и констатирав дека водата во изворот Шум е буквално како кал. Мерењата во куќите и на училиштата потврдуваат екстремна заматеност. Ситуацијата е сериозна. На стружани им преостанува да купуваат вода пакувана во шише или, во краен случај, да користат езерска вода за одржување на хигиената – изјави Лидија Симонска од Центарот за јавно здравје.

ИЗДВОЕНИ