Темелно се реконструира месната заедница во Драчево

31

– Предвидена е комплетна замена на електричната инсталација, водоводната и канализациската мрежа, а греењето и ладењето во новиот објект ќе се одвива со инвертер сплит-системи. Покрај надворешната обнова, објектот ќе добие и целосно нова функционална внатрешност, приспособена на современите потреби на граѓаните – соопштија од локалната самоуправа

 

Започнати се градежните работи за темелна реконструкција на објектот на месната заедница во населбата Драчево. Од Општина Кисела Вода информираат дека реконструкцијата опфаќа целосна санација на покривот и обнова на фасадата, што ќе придонесе за унапредување на енергетската ефикасност.

– Предвидена е комплетна замена на електричната инсталација, водоводната и канализациската мрежа, а греењето и ладењето во новиот објект ќе се одвива со инвертер сплит-системи. Покрај надворешната обнова, објектот ќе добие и целосно нова функционална внатрешност, приспособена на современите потреби на граѓаните – соопштија од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека со реконструкцијата се подобруваат и конструктивните и функционалните својства на објектот, кој подолг период бил во лоша состојба.

– Новата месна заедница ќе обезбеди модерен, безбеден и квалитетен простор за одржување состаноци, активности и услуги за жителите на Драчево – тврдат општинските власти.

Проектот се реализира со средства од владината програма за капитални инвестиции, финансирана преку унгарскиот кредит и претставува дел од пошироката стратегија за рамномерен развој на сите населени места во Општина Кисела Вода.

 

 

ИЗДВОЕНИ