Тематска прошетка „Постземјотресни обележја во Центар“  

25

Општина Центар кани на тематска прошетка „Постземјотресни обележја во Центар“ посветена на бруталистичката архитектура во Скопје – стил кој го обликуваше идентитетот на градот по земјотресот и сè уште предизвикува љубопитност и восхит.

Прошетката е закажана за в сабота со почетокот во 11:00  часот  од  пред плочникот кај Градски ѕид, на булевар „Илинден“

– Заедно ќе истражиме некои од најимпресивните обележја во самиот центар на Скопје, откривајќи ја нивната историја, значење и улога во урбаниот развој на градот – нагласуваат од Општина Центар.

Турата ги опфаќа следните локации: Градски ѕид – станбен комплекс што го обликува централното јадро, Пошта – еден од најиконичните објекти во Скопје, смел по форма и визија, Градскиот трговски центар – модернистички пазар и место за средби, Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) – интелектуалното и архитектонско срце на обновата по земјотресот и Новата железничка станица – футуристички влез во градот.

Водич низ турата  е Бојана Јанева.

Турата е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2025 година и е отворена за сите жители на Општина Центар.

 

ИЗДВОЕНИ