Израелската војска соопшти дека едно од четирите тела што Хамас ги врати синоќа „не се совпаѓа со ниту еден заложник“.
Израел го објави ова по прегледот од Националниот институт за судска медицина.
„Хамас е должен да вложи сите потребни напори за враќање на починатите заложници“, се вели во соопштението.
Според израелски извор, останките наводно му припаѓаат на Палестинец од Газа, објавува CNN.
Друг извор рече дека првичните проценки укажуваат дека Хамас погрешно го идентификувал телото, а не дека намерно да го испратил погрешното.
„Се надеваме дека повеќе тела ќе бидат вратени подоцна денес“, додадоа изворите.