сабота, февруари 14, 2026
Дома БАЛКАН Тело на девојче пронајдено на плажа во Грција: Истрагата е во тек,...

Тело на девојче пронајдено на плажа во Грција: Истрагата е во тек, се работи на идентификација на детето

1315

Телото на девојче, за кое се проценува дека е старо околу две години, е пронајдено во саботата навечер на плажа во јужниот дел на Атина.

Според првичните информации, телото го забележал 33-годишен маж, кој веднаш ги известил службите за итни случаи.

Полицијата и екипата на брзата помош брзо пристигнале на местото на настанот, кои го пренеле детето во болница, каде, за жал, можело да се потврди само смртта, објавува „Екатимерини“.

Надлежните служби моментално работат на идентификација на детето и утврдување на околностите што довеле до оваа трагедија.

ИЗДВОЕНИ