понеделник, март 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Тело извлечено од водите на Вардар во гостиварско

Тело извлечено од водите на Вардар во гостиварско

95

Вчера околу 18.35 часот во СВР Тетово, Б.Д. од с.Тумчевиште, гостиварско, пријавил дека во водите на река Вардар, во атарот на с.Чегране, во близина на мостот, забележал човечко тело.

Телото било извадено од водата од страна на Територијалната противпожарна единица Гостивар и по наредба на јавен обвинител е дадено на обдукција, соопшти денеска СВР Тетово.

ИЗДВОЕНИ