Турскиот и рускиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин денес разговараа по телефон за билатералните односи, Украина и ситуацијата во Сирија.
Во телефонскиот разговор со Путин, Ердоган ја истакна важноста од започнување на третата рунда директни разговори со Украина и подготвеноста тие да се организираат во Истанбул, кога ќе се утврдат датуми што им одговараат на двете страни, објави кабинетот на турскиот лидер по разговорот, јави ТАСС.
„Беа разгледани билатералните односи меѓу Турција и Русија, регионалните и глобалните прашања. Претседателот Ердоган изјави дека е важно да се започне третата рунда разговори меѓу Русија и Украина и дека Турција ќе продолжи да биде домаќин на разговорите во Истанбул кога ќе се утврдат датуми што им одговараат на двете страни“, се вели во соопштението.