По прекинот од неколку часа, скопјани повторно можат да го користат 192 за пријавување на каков било настан или за добивање на информации од полицијата.
Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека се отстранети техничките проблеми и повторно е во функција телефонскиот број 192, кој граѓаните можат да го користат за било каква пријава или информација.
За истата намена редовно функционира и телефонскиот број 112, како и телефонските броеви на полициските станици во населбите каде граѓаните живеат.