Тела на пет скијачи пронајдени на швајцарски глечер во близина на Цермат – идентификацијата на жртвите е во тек

791

Телата на пет скијачи се пронајдени на глечер над швајцарското летувалиште Цермат, соопштија денеска локалните власти, откако двајца планинари пријавиле дека видели напуштени скии во близина на Римфишхорн, врв висок 4.000 метри на Алпите.

Полицијата на кантонот Вале соопшти дека жртвите се лоцирани на глечерот Адлер по преглед на територијата од воздух и земја.

Идентификацијата на жртвите е во тек, а нивните националности се уште не се соопштени.

Властите отворија истрага за околностите на несреќата. Се испитуваат временскитие услови и активноста на лавини во регионот.

ИЗДВОЕНИ