Тејлор Свифт закажа и место и датум за венчавката со Тревис Келси – без проблем, убаво платила за судбоносниот датум

5

Тејлор Свифт и Тревис Келси закажаа датум за венчавка, а тој има силна симболика за пејачката, вели извор за „Пејџ сикс“.

Според извештаите, славната двојка треба да си го каже судбоносното „Да“ на 13 јуни 2026 година, а свадбената церемонија е закажана за во имотот Оушн Хаус во Род Ајленд.

Како што дознава „Пејџ сикс“, тој датум веќе бил закажан, па Тејлор ѝ дал на младата жена, која имала резервирано датумот пред неа, голема сума за да се венча на 13 јуни.

Обожавателите на Свифт знаат дека омилениот број на Тејлор е 13, но тоа не е сè.

Според нумерологијата, 13 крие подлабоко значење, и тоа само ако го разложите подетално.

Кога датумот е напишан вака – 13.06.26, а потоа поединечните броеви се собираат заедно (6+1+3+2+6), збирот е 18. После тоа, овој датум исто така се разложува (1+8) и се добива бројот 9.

Според веб-страницата Numerology.com, енергијата на бројот 9 претставува крај на еден циклус и отвора потенцијал за почеток на нов.

Таа самата еднаш зборуваше за бројот 13. Долго време тврдеше дека бројот 13 ѝ носи среќа.

Родена е на 13 декември 1989 година, а својот 13-ти роденден го прослави на петок 13-ти. Нејзиниот прв албум стана златен за 13 недели, а нејзиниот прв хит број еден имаше интро кое траеше точно 13 секунди.

„Секој пат кога бројот 13 се појавува во мојот живот, тоа е добар знак“, рече таа еднаш.

Извори блиски до пејачката велат дека „Тејлор сака да се омажи што е можно поскоро, бидејќи сака да има деца“.

ИЗДВОЕНИ