Технички проблеми го одложија пробниот лет на Starship

16
screenshot video

Компанијата во сопственост на милијардерот Илон Маск, SpaceX, го одложи планираното испраќање на десеттата мисија на ракетата Starship од Тексас поради технички пречки на лансирната локација.

Британските медиуми информираа дека до одложувањето дошло после низа претходни неуспеси за време на тестирањата годинава, што дополнително ги пролонгира клучните фази од развојот на ракетата.

Ракетата “Super Heavy”, со висина од 70,7 метри, и нејзиниот горен дел, висок 52 метри, беа поставени на лансирната платформа во објектот Starbase на SpaceX додека се одвиваше процесот на полнење гориво пред самото полетување.

Сепак, приближно 30 минути пред предвиденото лансирање, SpaceX објави на социјалната платформа X дека лансирањето е поместено поради проблеми на лансирното место.

Како и во претходните ситуации, компанијата изјави дека се надева дека ќе биде во можност да го реши проблемот и повторно да се обиде да го изврши лансирањето во текот на денот. Компанијата, исто така, изрази надеж дека Starship ќе биде подготвен за мисии кои вклучуваат слетување на Месечината, поддржано од НАСА, веројатно во 2027 година. Како што пренесува МИА, SpaceX изјави: “Се надеваме дека ќе бидеме подготвени за мисии што вклучуваат слетување на Месечината, поддржано од НАСА, најверојатно во 2027 година.”

ИЗДВОЕНИ