Театар Комедија е домаќин на еден од најголемите театарски режисери, Деклан Донелан и на Ник Ормерод, кои заедно се основачи на меѓународната театарска компанија и уметнички директори на компанијата Чик бај Џоул (https://www.cheekbyjowl.com). Тие деновиве (26 и 27 мај) во Театар Комедија одржуваат работилница за македонските театарски режисери.
Во рамки на посетата, на 28 мај, среда, во 12:00 часот ќе се одржи и промоција на книгата „Актерот и просторот“, чии автори се Деклан Донелан и Ник Ормерод.
Издавач на ова капитално дело е Театар Комедија, преводот е на Бисера Бендевска, а промотор на книгата Иван Додовски.

ИЗДВОЕНИ