четврток, јануари 29, 2026
Дома МАГАЗИН Теа Таировиќ “безобразно“ разголена со сопругот на зимското “летување“ на егзотичните Малдиви...

Теа Таировиќ “безобразно“ разголена со сопругот на зимското “летување“ на егзотичните Малдиви  

75

Додека е “на пауза“ со концертите во Македонија

– Јас зимата не ја сакам. Да имам некое волшебно стапче се би направила во Европа да постои вечно лето, вака како на Малдиви, објаснува атрактивната пејачка, која по цели денови и ноќи е само во минимален дводелен костим за капење.

 Мега сексапилната балканска пејачка  Теа Таировиќ која е “на пауза“ со настапите во Македонија, а поради една единствена причина – егзотичното зимско “летување“ на далечните егзотични Малдиви. Таа со сопругот Иван (по кој многу девојки лудуваат, поради неговиот мускулест физички изгледа), пред некој ден отпатува на овие острови. Таму има уште многу популарни личности од поранешната Југославија. Романтичната брачна двојка на Малдиви ужива во својот задоцнет меден месец, бидејќи поради голем број концерти Теа не беше во можност да замине на заслужен одмор. Тоа сега го прави со сопругот Иван.-Многу убаво си поминуваме, во мир, тишина, во песните на сините бранови од Океанот. Во топлото јануарско време бидејќи температурите се околу 33 степени преку ден. Љубовта ни цути, ние сме среќни, вели радосната Таировиќ.                  Уживаат во секој момент, во се она што им го нудат Малдиви, од храната, до музиката и атрактивните ноќни забави под отворено небо. Далеку од сибирски студената Европа.

– Јас зимата не ја сакам. Да имам некое волшебно стапче се би направила во Европа да постои вечно лето, вака како на Малдиви, објаснува атрактивната пејачка, која по цели денови и ноќи е само во минимален дводелен костим за капење.

А, со неколку фтографии кои ги објави, Теа предизвика бурни рекации кај своите фанови. На нив е во жешките прекратки со сопругот. И на плажата и во самиот супер-луксузен ресорт. Тоа и дава дополнителна инспирација за собирање сили за следните концерти низ Србија, Македонија, Босна и Црна Гора. На тие концерти ќе го промовира и  новиот албум „Aska 2“, кој веќе бележи голем комерцијален успех. (Д.М.)

 

ИЗДВОЕНИ