ТАВ Македонија донираше готвени оброци за 110 бездомни лица

16

ТАВ Македонија, во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје, подготви и донираше готвени оброци за 110 бездомни лица во Пунктот за бездомници во Момин Поток во Скопје. Оваа хуманитарна активност „ТАВ Готви“ беше организирана втора година по ред.

– Континуирано се стремиме да им помагаме на ранливите категории граѓани и да ја зајакнеме солидарноста во заедницата. Втора година по ред ја организираме хуманитарната активност „ТАВ Готви“, во соработка со нашата сестринска компанија БТА, одговорна за храна и за пијалаци на скопскиот аеродром. Веруваме дека општеството напредува кога компаниите, институциите и граѓаните дејствуваат заедно за хумани цели. Соработката со организации како што е Црвениот Крст ни овозможува заеднички да создаваме вистинска општествена вредност и затоа би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на луѓето од Црвениот Крст на Град Скопје и на луѓето од Пунктот за бездомници во Момин Поток. Посакувам да продолжиме да соработуваме и во иднина и заеднички да придонесуваме за подобро утре за оние на кои им е најпотребно – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот Крст на Град Скопје, истакна дека пристапот до топол и свежо приготвен оброк е основна човечка потреба.

– За жал, дел од нашите сограѓани секојдневно се соочуваат со овој предизвик. Благодарение на поддршката од општествено одговорните компании како ТАВ Македонија, Црвениот Крст успева да обезбеди континуирана помош и поддршка за овие луѓе. Црвениот Крст на Град Скопје високо ја цени долгогодишната соработка со компанијата и нејзината подготвеност да поддржува активности во заедницата, со што заеднички придонесуваме за поинклузивно и похумано општество – изјави Тунева Пауновска.

Покрај својата основна дејност, која е операции на аеродроми, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП, континуирано спроведува општествено одговорни активности со фокус на поддршка на организации со проекти кои им помагаат на ранливите категории на граѓани, децата, жените, образованието, проекти поврзани со животната средина и нејзината одржливост, со цел да се создаде подобра иднина и живот за сите граѓани.

ТАВ Македонија и нејзината сестринска компанија БТА, одговорна за храна и пијалаци на скопскиот аеродром, заедно со Црвениот Крст ќе организираат уште една донација на готвен оброк за бездомници до крајот на оваа година.

 

ИЗДВОЕНИ