Ламин Јамал беше една од ѕвездите на вечерта, бидејќи беше прогласен за најдобар млад играч, како што беше и претходната сезона, но заврши и на високото второ место во изборот за најдобар во светот – зад Осман Дембеле.

Во изјава за „Ел Чирингито“, Мунир Насрауи ​изјави дека неговиот син не бил ограбен, но дека имал впечаток дека бил оштетен.

  • Тој е најголем… Не сакам да кажам дека имало кражба, повеќе морална штета на човечко суштество. Ламин е најдобар фудбалер во светот во моментов. Не го велам тоа затоа што е мој син, туку затоа што навистина е најдобар во светот – рече Насрауи.

Потоа изрази сомнежи за начинот на кој беше избран најдобриот играч во светот.

  • Мора да признаеме дека се случи нешто чудно тука. Но, следната година е наша. Следната „Златна топка“ ќе биде во шпански раце – сигурен е Насрауи.

ИЗДВОЕНИ