Таткото на Фросина по пресудата: 12 годишна казна е награда за вакво најбрутално убиство во сообраќајот

159

Дванаесетгодишна казна е награда за вакво најбрутално убиство во сообраќајот. Во држава во која дилерите на дрога и убијци се прогласуваат за светци, спортисти, посветени студенти, според зборовите на одбраната, што беше прифатено од судскиот систем, па затоа е таква пресудата, рече Тодор Кулаков, таткото на загинатата Фросина по денешната пресуда за возачот Васил Јованов.

„Убиецот Васо и останатите тројца во автомобилот се светци, а загубата на животот на Фросинче е едноставно е небитно. Животот одамна е докажано дека нема вредност според законите на оваа држава“, рече Кулаков во изјава пред Основниот кривичен суд-Скопје.

Таткото на Фросина порача дека „никој не обрнал внимание на повеќето сведоци кои биле прикриени и должни да одговараат пред законот за уништување на клучни докази.

12 години затвор за Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова

ИЗДВОЕНИ