Пакистански татко го убил својот син за да го казни затоа што бил пријател со трансродови лица, соопшти денес локалната полиција.

Маж во јужниот град Карачи прво го нападнал својот син со електрошокер, а потоа го претепал до смрт со лопата, изјави локалниот началник на полицијата Шер Мохамед.

Полицијата го уапсила мажот еден ден потоа, а тој го признал злосторството. Тој им рекол на истражителите дека бил бесен на својот син затоа што го одбил неговиот совет да се држи подалеку од трансродовите лица. „Бев лут затоа што мојот син се дружеше со валкани луѓе и го оцрнуваше семејството“, го цитирал таткото началникот на полицијата.

Трансродовите лица во Пакистан често се изолирани и омразени од општеството, а игнорирани од државата, објави ДПА. Тие живеат осамен живот на маргините на општеството, а многу од нив се свртуваат кон проституција. Злосторствата од омраза како што се убиства, киднапирања и силувања се вообичаени против членовите на оваа заедница, пренесува ДПА.

ИЗДВОЕНИ