Беа видени ужасни сцени на натпревар во средно училиште, кога дојде до пукање. Три лица ги загубија животите, а три други беа повредени на натпревар во хокеј во Потакет, Род Ајленд.

Видеото што се појави на социјалните мрежи го прикажува моментот кога се слушаат истрели. Во моментот кога сфатиле што се случува, момчињата почнале хаотично да бегаат од теренот, како и гледачите од трибините.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ticker (@weareticker)

Убиецот Роберт Дорган (56), чиј син играл на натпреварот, прво пукал во мајката на својот син – во поранешната своја сопруга, која им подлегна на истрелите, а потоа ја убил и својата ќерка, па на крајот самиот си пресудил.

Шефицата на полицијата во Паутакет, Тина Гонсалвес, додаде дека нападот бил планиран и дека станува збор за семеен спор.

ИЗДВОЕНИ