– Претседателот на Струковиот синдикат на контролорите на летање ССКЛ – Подружница на Независен синдикат за сообраќај и врски, Алесандар Тасевски, изјави дека не можат да ги наведат барањата за заштита на права од работен однос, од причина што во тој случај, ќе треба да почне нова постапка за помирување. Со тоа, тој признава дека најавениот штрајк за ден 20.10.2025 година и забранет како незаконит од страна на Основниот граѓански суд Скопје, е незаконит, и дека Тасевски е свесен дека постапува надвор од закон. Ова се нагласува во соопштението до медиумите упатено од раководството на АД „Македонска навигација“ М-НАВ.

Ова се надоврзува на изјавите на правниот застапник на М-НАВ, кој ги презентираше ставовите и аргументите на М-НАВ во врска со штрајкот. Истиот ден, Тасевски изјави дека барањата за заштита на работнички права од работен однос, како причина за организирање на штрајк, се доставени уште во 2023 година и директорите да ги побараат преку архивата на М-НАВ.

–Г-динот Александар Тасевски јавно призна дека свесно спроведува незаконски атак врз М-НАВ АД Скопје, односно дека свесно ја загрозува и внесува несигурност во секторот авиосообраќај и свесно го урива угледот на М-НАВ АД Скопје и на државата во целост. Со ваквите признанија уште еднаш се потврдува дека станува збор за лично политиканство и желба за самопромоција на Тасевски. Исто така, наводите на Тасевски дека во Законот се предвидува дека кој било синдикат вертикално, дали е тоа синдикат на работодавачи, синдикат на гранка или сојузот на синдикати има право да организира штрајк, се однесуваат исклучиво на Независниот синдикат за сообраќај и врски, а не и на Подружницата ССКЛ со оглед дека Подружницата не е синдикат, нема правен субјективитет и евентуалното организирање на Штрајк како заштита на права од работен однос може да ги остварува единствено преку Независниот синдикат чија подружница е – се нагласува во соопштението од АД М-НАВ.

ИЗДВОЕНИ