Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во изјава за МИА вели дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.
– Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени, вели Таравари .
Денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања рече дека во периодот што следи ќе бидат номинирани нови имиња на местото на оние што и припаѓаа на Алијанса за Албанците.