По состанокот на Алијансата на Албанците, претседателот Арбен Таравари вечерва на прес-конференција изјави дека ја напуштаат владината коалиција и дека одат во опозиција.
„Централното претседателство и претседателите на ограноците, одлучија да одат во опозиција“, објави Таравари по состанокот.
До оваа одлука дошле поради незадоволства, при што ги спомена балансерот и Законот за јазиците. Таравари рече дека ќе му се вратат на граѓанинот и дека Алијанса за Албанците е уникатна партија.
Откако претходно Таравари кажа дека имал контакти со лидерот на ДУИ, Али Ахмети во владината коалиција се отвори прашањето дали Алијанса за Албанците треба да биде дел од Владата.