„Танц против насилството“ –  глас на младите, повик за почит, солидарност и ненасилна комуникација

Овој настан се реализира со цел подигање на свеста за врсничкото и дигиталното насилство, поттикнување на позитивни вредности и промовирање на креативниот потенцијал на младите. На настанот учествуваа седум основни училишта од Битола, со вкупно 49 ученици, кои преку танц ја пренесоа својата порака за свет без насилство. Жири комисијата одлучи: Гран при да добие ООУ „Гоце Делчев, награда за најсилна порака против насилството, учениците од ООУ „Тодор Ангелевски“, а за најкреативна кореографија, ООУ „Кирил и Методиј

20

Под мотото „Танц против насилството“, во спортската сала на гимназијата „Јосип Броз Тито“, викендов се одржа меѓуучилиштен танцов натпревар.

Од Општина Битола соопштија дека овој настан е повеќе од танцова манифестација.

– Тој е глас на младите, повик за почит, солидарност и ненасилна комуникација. Преку уметноста и движењето, учениците испраќаат јасна порака – насилството не е избор, туку проблем што можеме заедно да го спречиме – наведуваат од Општина Битола.

Овој настан се реализира со цел подигање на свеста за врсничкото и за дигиталното насилство, поттикнување на позитивни вредности и промовирање на креативниот потенцијал на младите.

На настанот учествуваа седум основни училишта од Битола, со вкупно 49 ученици, кои преку танц ја пренесоа својата порака за свет без насилство.

Настанот се реализира со поддршка на Општина Битола, во соработка со Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола и образовните институции.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој континуирано ги поддржува иницијативите насочени кон младите, образованието и безбедната заедница, истакна дека станува збор за одлична иницијатива и за прекрасна идеја за борба против насилството, врсничкото насилство и дигиталното насилство, кое ги загрижува сите.

– Ме радува тоа што училиштата ја поддржаа оваа иницијатива. Ова не треба да го разбереме како еден музички, спортски и танцов натпревар, туку треба  да ја испратиме пораката и во Битола и во останатите училишта низ Македонија, дека сме силно против насилството, особено против меѓуврсничкото насилство, меѓу најмладите, оние што треба да бидат најзаштитени – изјави Коњановски.

Присутните гости и учесниците ги поздрави Фатма Бајрам Аземовска, претседателка на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, организатор и иницијатор на овој настан, која со години посветено работи со деца и млади на промоција на еднаквост, почит и ненасилство.

– Не сме собрани само да гледаме танц, собрани сме да ја слушнеме пораката, порака што не се кажува со зборови, туку со движење, со емоција, со храброст. „Танц против насилство“ не е само име на настан, тоа е став, тоа е избор, тоа е гласот на младите кои јасно порачуваат дека сакаат свет во кој има почит, прифаќање и разбирање – истакна Аземовска.

Во натпреварувачкиот дел, учениците од основните училишта преку кореографија, емоција и тимска работа покажаа дека танцот може да биде силна порака против, насилството.

Учество зедоа ученици од основните училишта „Даме Груев“, „Кирил и Методиј“, „Ѓорѓи Сугарев“, „Тодор Ангелевски“, „Елпида Караманди“, „Св. Климент Охридски “ и „Гоце Делчев“.

Жири-комисијата одлучи: Гран при за ООУ „Гоце Делчев, награда за најсилна порака против насилството добија учениците од ООУ „Тодор Ангелевски“, а награда за најкреативна кореографија добија учениците од ООУ „Кирил и Методиј“.

ИЗДВОЕНИ