Македонската режисерка Тамара Котевска на премиерата на нејзиниот филм „Силјан“ (The Tale of Silyan) на 82. издание на реномираниот филмски фестивал во Венеција, блесна во креацијата од Кокев. Таа пред проекцијата позираше во црн краток фустан со интересна кројка, но она што посебно го привлече вниманието на присутните беше ѓерданот што го носеше околу вратот и со кој само го надополни атрактивниот изглед.

„За премиерата дизајниравме црн краток фустан кој спојува минимализам и провокативна сила. И, секако, рачно изработен ѓердан инспириран од штркот и од приказната што таа ја раскажува“ – стои во описот на нејзиниот изглед.

Секако, можеме да се сложиме дека тој е целосно уникатен и соодветен на случувањето. Иако сме навикнати да ги гледаме дамите во долги и раскошни тоалети, нејзиниот изглед нималку не заостануваше зад креациите на светски познатите креатори.

ИЗДВОЕНИ