Јагодите, во комбинација со крцкави и кремасти состојки, се главната ѕвезда на десертот што доаѓа од блискоисточната трпеза, а во последните месеци стана вирален на „Тикток“ и „Инстаграм“.
Ова луксузно декорирано слатко ги освои љубителите на десерти низ целиот свет благодарение на својата единствена игра на текстури и вкусови, пишува Index.hr.
Ако сè уште не сте ги пробале јагодите Дубаи, лесно можете да го направите овој вкусен десерт дома – еве го рецептот:
Состојки:
500 г свежи јагоди
200 г крем од фстаци
100 г темно, млечно или бело чоколадо (по желба)
50 г кадаиф
1 лажица путер
Подготовка:
Ситно исечкајте го кадаифот. Растопете го путерот во тава и додадете го кадаифот. Пржете неколку минути на средна температура додека не добие златно-кафеава боја и не стане крцкав, а потоа оставете да се олади.
Растопете го чоколадото на пареа или во микробранова печка. Изладете го накратко, но проверете дали не се стврднува – мора да остане течно.
Измијте ги јагодите и исечете ги на половини или четвртини, во зависност од големината.
Ставете неколку јагоди на дното од чашата. Прелијте го кремот од фстаци, потоа додадете уште неколку јагоди и прелијте го растопеното чоколадо. Посипете ги со крцкав кадаиф, а по желба додадете уште сечкани фстаци за декорација.
@myhealthydish Here’s how to make The Viral Strawberry Dubai Chocolate Cups. The ingredients you need are Belgium chocolate, Kataifi, butter, pistachio cream and strawberries. #dubaichocolate #strawberrydubaichocholatecup #chocolatecoveredstrawberries