„Талкање низ емоции и држави“, мултимедијална книга поезија, куси раскази и цртежи на група автори е промовирана во Прилеп

24

На 3 септември во просториите на прилепската библиотека „Борка Талески“ беше промовирана книгата со поезија и кратки раскази насловена „Талкање низ емоции и држави“ на група раскази придружена со изложба. Делото е продолжение на веќе објавената двојзична (македонско-англиска) збирка со наслов „Емоции“.

Мултимедијалната збирка на песни, куси раскази и цртежи „Талкање низ емоции и држави“ („Wandering around emotions and countries“) претставува еден вид зборник на дела на писатели и ликовни уметници од повеќе земји.

Во оваа двојазична збирка, на македонски и на англиски јазик, се застапени поетски и прозни текстови на авторите од Македонија (Сузана Ѓорѓиевска, Петар Петрески, Габриела Стојаноска-Станоеска, Игор Трпчески, Андријана Ристеска), од Италија (Марилена Стреит-Бианки, Беатриче Бресан), од Германија (Марие Луизе Шахингер), од Грција (Апостолос Константакакис) збогатени со цртежи, портрети на авторите, како и цртежи-инспирирани ликовни читања на текстовите од уметниците Дарко Талески, Василка Фимков и Методија Јорданоски. Корицата на книгата е фотографија на дело од 2015 од академскиот сликар Кирил Гегоски.

Повеќето текстови се преведени на англиски јазик од преведувачите Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, Драгица Здравеска и Зорица Трајаноска.

Збирката е издание на ЈОУ Градската библиотека „Борка Талески“ Прилеп, која годинава одбележува јубилеј – 80 години постоење и дејност, но значајна е и финансиската поддршка на проектот од страна на неговиот идеентворец и воедно застапена авторка– италијанската научничка и писателка Марилена Стреит-Бианки.

Според Стреит-Бјанки, ова дело, кое „е природно продолжение на претходната македонско-англиска колекција објавена под наслов „Емоции“, е важен израз на континуиран дијалог во духот на слободата и разбирањето.

Претставувајќи го својот внатрешен, но и околниот свет, секој уметник се отвора кон културата и чувствата на другите, така што се создава мост меѓу различните начини на уметничко изразување и чувства.“

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ