26-годишен жител на Скопје пријавил во полиција дека бил ограбен од лице кое управувало такси возило, соопштија од МВР.
Според пријавата, настанот се случил околу 03:00 часот на подрачјето на Центар. Таксистот побарал од оштетениот да му го даде мобилниот телефон за да изврши разговор, а откако го добил, му ја одзел и чантата во која имало лични документи и други предмети. Потоа, сторителот со возилото го напуштил местото на настанот.
Случајот бил пријавен вчера во СВР Скопје, а од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.












