За да го намалите вашиот стомак, да ја истенчите вашата половина и да го ослободите телото од масните наслаги, пробајте го овој магичен рецепт направен со цвекло, зелка, моркови и сок од лимон.
Се консумира три дена, задолжително по ред, а идеално е да се јаде наместо вечера.
Оваа вистинска витаминска „инјекција“ може да направи чуда за вашиот стомак – и внатре и надвор. Тајната е во тоа што ефикасно ги отстранува маснотиите, насобраните наслаги и несаканите остатоци од цревата, па надуеноста се смирува и може да изгледате значително послабо по само три дена.
Секако, важно е да не се прејадувате во текот на денот и да не јадете индустриски слатки најмалку три дена и да пиете најмалку два литра вода дневно.
Потребно:
глава на зелка,
2 цвекло,
2 моркови,
сок од лимон,
5 супени лажици маслиново масло
Подготовка:
Изрендајте ја зелката, цвеклото и морковот. Додадете неколку зачини по избор, магдонос или целер, па измешајте го зеленчукот, исцедете ја течноста и прелијте ја салатата со сок од еден лимон.
На крајот додадете маслиново масло и вашиот витамински оброк е готов.