Словенечкиот плејмејкер Домен Тајник си заминува од екипата на Пелистер и од следната сезона ќе го носи дресот на Слован Љубљана, откако потпиша тригодишен договор со него. Тој беше три сезони во тимот од Битола и еден од клучните ракометари за успесите на Пелистер во овој период.
Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а тој реши да прифати нов предизвик и да се врати во татковината.
Инаку, и минатата година имаше можност да потпише за Слован, но тогаш реши да остане во Пелистер, со кој сезонава повторно настапува во домашниот шампионат и во Лигата на шампионите.











