Тајната на Хитлеровата ДНК објаснува многу за однесувањето на нацистичкиот диктатор

Научниците успеале да изградат ДНК профил од примерок од ткаенина обоена со крв, исечен од полковник на американската армија од софата каде што Адолф Хитлер извршил самоубиство во 1945 година.

379
EPA/Anita Maric UK & IRELAND OUT

Адолф Хитлер имал генетско нарушување кое го спречувало развојот на неговите полови органи, открива нова анализа на неговата ДНК. Нацистичкиот диктатор имал Калманов синдром, кој влијаел на неговиот нормален пубертет и сугерира дека можеби имал тешкотии во воспоставувањето сексуални односи.

Наодите ќе бидат откриени во документарецот на Канал 4 „ДНК-та на Хитлер: План на диктатор“, кој исто така ги разоткрива митовите за еврејското потекло на Хитлер и дава докази дека можеби имал едно или повеќе невродивергентни или ментални здравствени состојби.

Научниците успеале да изградат ДНК профил од примерок од ткаенина со дамки од крв, исечен од полковник на американската армија од софата каде што Хитлер извршил самоубиство во 1945 година.

Приказните од Првата светска војна сугерираат дека Хитлер бил малтретиран поради големината на неговите гениталии, а неговата генетска состојба значела дека имал една од десет шанси да развие микропенис. Медицински преглед од 1923 година, откриен во 2015 година, покажал дека тој навистина имал неспуштен тестис, давајќи изненадувачка веродостојност на навредлива воена песна за него. Наодите би можеле да помогнат во објаснувањето на неговата „многу необична и речиси целосна посветеност на политиката“.

Хитлер е единствената личност меѓу целото нацистичко раководство кој немал сопруга, деца или вонбрачна врска. Наодите од ДНК, исто така, ги побија долгогодишните гласини дека Хитлер имал еврејско потекло, како вонбрачен потомок на еврејски дедо. Од друга страна, не е исклучено дека страдал од едно од голем број невродивергентни и ментални нарушувања. Утврдено е дека бил во горниот перцентил за шансите за аутизам, шизофренија и биполарно растројство.

Не е јасно кои од овие симптоми можеби ги имал, но овие наоди не треба да се користат за стигматизирање на оние со истите состојби наведени во ДНК-то, бидејќи однесувањето никогаш не е 100 проценти генетски определено, пишува Independent.

ИЗДВОЕНИ