Поранешниот член на горниот дом на британскиот парламент, Домот на лордовите, и поранешен британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, беше уапсен денес во Лондон под сомнение за злоупотреба на службената должност, откако беа откриени неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.
Полицијата соопшти дека тој бил приведен во својот дом и однесен на испрашување, објави „Бритиш Тајмс“.
Портпаролот на лондонската Метрополитен полиција изјави дека полицајците уапсиле 72-годишен маж под сомнение за злоупотреба на службената должност.












