Тајланд и Камбоџа потпишаа „непосредно и безусловно“ примирје

272
Foto: Pexels

Тајланд и Камбоџа се согласија на „непосредно и безусловно“ примирје, изјави малезискиот лидер Анвар Ибрахим, според Асошиејтед Прес.

Анвар, кој ги претседаваше разговорите како шеф на регионалниот блок на АСЕАН, рече дека двете страни постигнале заедничко разбирање за преземање чекори за враќање во нормала.

Камбоџанскиот премиер Хун Сен и вршителот на должноста премиер на Тајланд, Фумтам Веџаџаџа, се согласија на „итно и безусловно примирје кое стапува на сила на полноќ на 28 јули“, рече Анвар додека читаше заедничка изјава.

Хун Сен и Фумтам го поздравија исходот од состанокот и се ракуваа на крајот од кратката прес-конференција.

ИЗДВОЕНИ