Тајланд ги пријави првите цивилни жртви во пограничниот конфликт со Камбоџа

68
EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Тајланд ги потврди првите цивилни жртви од продолжувањето на непријателствата со Камбоџа овој месец, додека борбите по должината на границата продолжуваат и ја продлабочуваат хуманитарната криза од двете страни, објави денес Ројтерс.

Тајландската војска соопшти дека камбоџанските сили започнале артилериски и минофрлачки напад во среда навечер, што го натерало Тајланд да одговори со ист вид оган, тврдејќи дека тоа предизвикало „значителна штета“, вклучително и уништување на непријателски возила.

Министерството за одбрана на Камбоџа го обвини Бангкок за „инвазија“ и употреба на „сите видови тешко оружје“, велејќи дека Тајланд го крши меѓународното право.

Судирите го прекршија прекинот на огнот постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, со кој завршија петдневните борби во јули во долготрајниот граничен спор.

ИЗДВОЕНИ