Виетнамските власти најавија евакуација на повеќе од половина милион луѓе, а на бродовите им е забрането да излегуваат од пристаништата, додека кинескиот град Сања на југот од земјата денес ги затвори бизнисите и јавниот превоз, подготвувајќи се за најавеното засилување на тајфунот Каџики, објавува Ројтерс.
Според прогнозата на Националниот метеоролошки центар на Кина, бурата треба да го „зграби“ јужниот брег на кинеската островска покраина Хаинан до денес по локално време, а потоа да се упати кон Виетнам.
До 11 часот наутро по централноевропско време, бурата се засили, со ветрови што достигнаа 166 километри на час, објави виетнамската државна метеоролошка агенција.
Кинеските метеоролозите предупредија дека се очекува понатамошно засилување, со налети до 180 километри на час, објавува Ројтерс.
Властите во Виетнам планираат да евакуираат повеќе од 586.000 луѓе од централните покраини Тан Хоа, Куанг Три, Хуе и Дананг, каде што се очекува тајфунот да стигне до копното рано во понеделник, објавија државните медиуми.
На жителите им е советувано да не излегуваат надвор по 16 часот по централноевропско време (CET) денес, а војската е во состојба на готовност за да пружи помош, соопшти виетнамската влада.