Италијаскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави денеска дека агентите на американската федерална служба за миграција и царини ИЦЕ ќе дојдат во Италија за време на Зимските олимписки игри ЗОИ Милано-Кортина кои започнуваат во февруари, но дека нема да имаат надлежности да реагираат на улиците.
„Да бидеме јасни, не значи дека ќе дојдат да вршат активности од јавен ред на улиците. Ќе дојдат само да соработуваат во оперативнтие сали“, изјави Тајани за новинарите на маргините на церемонијата по повод Денот на сеќавање на холокаустот во претседателската палата во Рим, пренесува агенцијата „АНСА“.
Тајани рече и дека акгентите на ИЦЕ кој ќе дојдат во Италија да ја поддржат американската безбедносна дипломатска служба, „нема да бидат истите што се на улиците во Минеаполис“.












