Јелена Спенџарска водителка на Утринската програма на Канал 5 телевизијата, строго ги искара сите оние кои одвај чекаат да дојде есен. Таа по летото поминато во најголем дел на Егејско Море во Грција, но и на свеж планински воздух во своето родно Берово им се врати на работните обврски. -Значи летото календарски трае до 22 септември, а може и да продолжи. Затоа ве молам, прекинете веќе со тие кожените јакни! Оставете нè на раат да си поуживаме ние кои ич не се брзаме да дојде есента.
Не сакам да звучам депресивно, но крајот на август и почетокот на септември за мене е крајот на годината. Да, токму така. Тоа ми е многу повеќе, отколку што Нова година е крајот на годината! Сè ми е во есента некако толку жолто и тажно. До вчера бевме на плажа и сè беше толку светло, топло и весело, а сега ќе треба да носам хулахопки. Ох, ох, не и не! Пролет и лето обожавам, ама есен и зима едноставно не се за мене, раскажа разубавената и се уште, летната Спенџарска. (Д.М.)