Трагичната вест ја потресе целата кошаркарска јавност. Тијана Мангакахија, поранешната австралиска репрезентативка, почина на 30-годишна возраст, по долготрајната борба со рак на дојката. Таа беше едно од најпрепознатливите имиња во женската кошарка во Австралија.
Помина низ сите јуниорски селекции, освои медали и имаше значајни успеси со сениорската репрезентација, вклучувајќи го и бронзениот медал на Азиското првенство во Јордан, во 2021 година. Сепак, судбината ѝ го постави најтешкиот предизвик во 2019 година.
Додека играше за Универзитетот „Сиракуза“ во САД, ѝ беше дијагностициран рак на дојката. Наместо да се откаже, таа покажа невидена сила, ја победи болеста и се врати на теренот, продолжувајќи да игра на највисоко ниво. По враќањето, таа играше за Сиднеј флејмс во ВНБА-лигата, во сезоната 2022/2023, но по завршувањето на таа сезона, дозна дека ѝ се вратила болеста, во четврта фаза, со метастази.
Сепак, таа не се откажа од кошарката ни тогаш, ја заврши кариерата, но остана во кошарката како тренер на Сиднеј.
View this post on Instagram